Мерло Барик е премиум суво црвено вино произведено од одбрани лозови насади, на јужно-западната страна на Лепово Брдо, а потоа зреено 12 месеци во македонски дабови буриња. Ова вино се одликува со пурпурно-црвена боја, со прекрасно чист одсјај и комплексно овошна, зачинска нота на мармалад од црни цреши, печено кафе, темна чоколада и мирис на бибер. Вкусот е богат, полн и долготраен со ароми на цреши во темна чоколада и моќно нагласени, меки танини. При соодветен процес на чување, ова Мерло ќе продолжи да добива во вкус с é до 2021 година. Препорачлива температура: 15ºC – 17ºC
Bovin Merlot Barrique
1,550.00ден
Црвено вино, Merlot
Црвено – Богато и Полно
Винарија: Домашна, Бовин
Земја/Регион: Македонија, Тиквешко
750 ml
Виното е спакувано во специјална картонска кутија.